Издржете: Ќе се задушуваме само уште две-три години

Од:

Мерки за намалување на загаденоста се преземаат, надлежните работат во согласнот со законите, а загадувањето на воздухот останува на високо ниво и тоа нема да се промени во наредните неколку години. Најголеми концентрации има на загадувачката супстанца ПМ10, а доминатен извор на загадувањето нема. Ова е заклучокот од денешната дебата „Загадување во Македонија: Битка за чист воздух“ во организација на „Инбокс 7“.

– Евидентно е дека нивото на ПМ10-честичките се зголемува на сите мерни места во земјава со исклучок на Лазарополе. Од затоплувањето на домаќинствата доаѓа 38,42 отсто од загадувањето, 17,4 отсто од индустриските капацитети, 9,13 отсто од термоелектраните, а 17,5 отсто од сообраќајот. Треба да се дејствува во различни сектори за да може да се намали концентрацијата на ПМ10-честички. Алармантни концентрации се забележуваат во зимскиот период, а големо влијание имаат и метеролошките услови – вели Анета Стефановска од Минстерството за животна средина и просторно планирање.

Од Град Скопје велат дека доколку се преземат мерките што тие ги предвидуваат кога загадувањето е надминато во пет последователни дена, тие би дале мал придонес кон намалување на загадувањето и дека треба да се вклучат сите институции и организации што имаат надлежности во согласност со законските прописи за заштита на животната средина.

– Според податоците што ги добиваме од центарот за контрола на сообраќајот, не забележуваме дека граѓаните се откажуваат од своите автомобили, протекот на возила е континуиран. Кај „Веро центар“ во текот на денот поминуваат до 60.000 возила, а кај Судска палата и 90.000 возила – вели Никола Јовановски, помошник-раководител на Сектор за животна средина.

Граѓанските здруженија се согласни дека мерките кои досега се преземаат немаат реален ефект, загадувањето континуирано продолжува, а граѓаните ги трпат најголемите последици.

– Тетово подолго време е најзагаден град во Македонија и во Европа, а ситуацијата може да се спореди со Непал и со Гана. Минатата година во Тетово имаше 300 денови со зголемено загадување, а и првите 45 дена од оваа година има зголемена загаденост. За жал, нема реакција од државните институции. Не сме задоволни затоа што не е напревено ништо, има само ветувања, а на терен нема ефект – вели Аријанит Џафери од невладината организација „Еко герила“.

Александра Бојароска од невладина организација „Фронт 21/42“ вели дека казни за загадувачите нема, унапредувањето на технологијата секогаш заостанува, а системот на мерки не е координиран.

– Не можам да се согласам дека треба да се чека да заврне дожд или да дувне ветар за да го намали загадувањето. Тоа е несериозно. Нашиот став е дека државата е наколнета кон загадувачите – вели Бојароска.

Од „Фронт 21/42“ додаваат дека Македонија ја има петтата најголема стапка на смртност во Европа што доаѓа од загадувањето на воздухот од ситните ПМ10-честички.

Надлежните велат дека преземаат мерки, меѓутоа треба време тие да дејствуваат и дека во наредните три години ситуацијата нема многу да се промени.

– Се сложувам дека краткорочните мерки што се препорачани не можат да го постигнат ефектот на намалување. Треба да се преземат долгорочни мерки што бараат големи финансиски средства и подолгорочно време за имплементација. Сметам дека со гасификација ќе се реши многу, но тоа не може да се направи за следната сезона ниту за две-три години. Треба период од сигурно пет-шест години за да се имплементира. Во однос на индустриските капацитети, горе-долу се преземени мерките – вели Стефановска.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза