Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски.
Со ова се отфрли жалбата за обвинителството на првостепената одлука на Кривичниот суд.
Кежаровски не се враќа во истражниот затвор „Скопје“, каде што требаше да издржи уште три месеци од казната.
Кежаровски во моментот е на слобода, бидејќи, по барање на директорот на затворот, а по дозвола на Управата за извршување на санкциите, минатиот месец, доби прекин на издржувањето на казната во рок од 30 дена, а како што објаснија, од здравствени причини.
Апелација му ја намали казната на Кежаровски од четири и пол на две години затвор,.
Според новинарските здруженија сметаат дека единствената праведна пресуда е ослободителната, бидејќи новинарот нема никаква вина.