Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Од:

Граѓаните на Србија и на Бугарија стравуваат дека откажувањето од проектот на гасоводот Јужен поток ќе има негативно влијание врз нивните економии, се вели во анкета на ИЦМ рисерш спроведена за руската агенција Спутњик.

Дури 64 отсто Бугари и 61 отсто Срби стравуваат дека откажувањето од проектот негативно ќе влијае врз нивните економии додека само 28 отсто Австријци очекуваат негативни последици за својата држава.

Мнозинство граѓани во држави каде требаше да минува гасоводот наведуваат дека не требало ЕК да одлучи за „зелено светло“ за проектот.

Анкетата укажува дека 66 отсто Бугари и 52 отсто Срби сметаат дека нивните држави требало да кажат последен збор, а 42 отсто Австријци истакнуваат дека Виена треба да одлучи за судбината на Јужен поток.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: ЕУ со двојни стандарди го дозволи Северен, но не и Јужен поток

Ана Ололовска

Сијарто: Можно е рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Наум Локоски

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Раскинат договорот за „Јужен поток“

Емир Латифовиќ

Додик: „Јужен поток“ повторно ќе дојде на дневен ред

Емир Латифовиќ

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Ана Ололовска