Словачки медиуми: Мечијар го кодошел Дубчек

Од:

Поранешниот премиер на Словачка Владимир Мечијар во минатото бил соработник на СТБ, Службата за државна безбедност за време на комунистичкиот режим на која и давал информации за Александар Дубчек, чехословачки државник, лидер на реформското движење познато како Прашка пролет во 1968 година.

Информациите за тајната соработка ги објави словачкиот весник „Деник Н“, повикувајќи се на изјави на поранешни припадници на тајната полиција, како и на документи од тајното досие на Мечијар, јави дописникот на МИА од Прага.

Мечијар, претходно беше осомничен дека по 1989 година откако стана министер за внатрешни работи се обидел да го земе досието кое за него го водела Словачката СТБ.

Весникот, потсетува дека Мечијар во 1990 година стана министер за внатрешни работи по препорака на Дубчек и од непознат правник напредуваше во влијателен член на тогашната Влада.

Мечијар ги негира обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти