СДСМ-Охрид: За чии интереси се отуѓува најатрактивната градежна парцела во Охрид?

Од:

Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ за две години не успеаја да реализираат ниту еден од приоритетните капитални проекти што им ги ветија на охриѓани во нивната изборна програма за време на локалните избори. И не само тоа, туку сега почнаа безмилосно да го раскрчмуваат атрактивното државно земјиште во Охрид, под Плаошник, обвинија денеска од Социјалдемократскиот сојуз.

Oпштина Охрид има намера да отуѓи 200 метри квадратни атрактивно државно градежно земјиште, односно да го продаде бадијала, без никакво образложение. Градежната парцела, на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката, е дел од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот за црквата Св. Јован Богослов Канео, непосредно над куќите во месноста Канео – истакна на денешната прес – конференција портпаролот на СДСМ, Александар Кузески.

Тој додаде дека продажбата се планира да биде извршена на 2-ри март а почетната цена за еден метар квадратен што го одредила општина Охрид изнесува само 25 евра.

За споредба, пазарната вредност при продажба на куќи во тој дел од градот изнесува најмалку 1.000 евра за еден метар квадратен, додека цената на неизградено градежно земјиште се движи над 500 евра за еден метар квадратен – додаде Кузески.

Кузески праша зошто Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ да го продаваат најатрактивно градежно земјиште со почетна цена дури 20 пати пониска од реалната пазарна цена.

Кој стои зад ваквата срамна бизнис зделка и за чии интереси се отуѓува најатрактивната градежна парцела во Охрид? Зошто општината на тоа место не изгради еден мултинаменски репрезентативен објект за потребите на градот и граѓаните, наместо да го продава бадијала на приватни лица за изградба на станбен објект? – праша Кузески.

Охриѓани очекуваат одговори на овие прашања, затоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не води сметка за нивните интереси и за имотот на граѓаните. СДСМ Охрид бара веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да се стопира штетната продажба на атрактивната локација.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите?

Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ова ли е правдата и правната држава кој не ја извадивте од уста претседателке?

А1он

СДСМ: Со помилување криминалци ВМРО ДПМНЕ го честиташе Денот на револуционерната борба

(ВИДЕО) Кузеска: Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски

Горан Наумовски