Париз ќе биде домаќин на конференција за борба против тероризмот

Од:

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго најави дека на 12 март во францускиот главен град ќе се одржи конференција, посветена на прашањата за борба против тероризмот, на која ќе присуствуваат претставници на светски и на религиозни институции.

– Оваа конференција може да биде местото, на кое ќе дојдат градоначалници од повеќе градови, а кои се соочуваат со истите проблеми со тероризмот, истакна Идалго, нагласувајќи дека на форумот е поканет и градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен.

Идалго денеска го посети данскиот главен град за да изрази сочувство со данскиот народ по нападите за време на викендот.

Франција распореди околу 10.000 војници за обезбедување на јавните места и вработува нови луѓе во разузнавачките служби по нападот на почетокот од минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата