Мејведер демантира договор за мечот против Пакијао

Од:

Американскиот боксер и актуелен светски првак, Флојд Мејведер демантираше дека е постигнат договор со кој ќе има борба против Мани Пакијао.

Досега непоразениот Мејведер, кој синоќа присуствуваше на НБА Ол-стар натпреварот во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, во кратко ТВ интервју изјави дека нема вистина во гласините дека е постигнат договор меѓу двајцата боксери за борба вредна 250 милиони долари.

– Околу шпекулациите дека веќе имаме договорен меч би сакал да потенцирам дека тоа не е вистина. Немам ништо потпишано, а колку што знам нема ниту Мани. Тоа се шпекулации. Но, се надевам дека мечот ќе биде договорен, изјави Мејведер.

Американските медиуми во изминатиот период зачестија со пишувањата дека веќе е договорен и терминот за мечот меѓи Пкијао и Мејведер и тоа на 2 мај во Лас Вегас. Ова особено откако двајцата боксери се сретнале на НБА натпревар во Мајами кон крајот на јануари.

Како една од главните причини за неодржување на мечот се проблемите со телевизиските права. Имено Американецот има потпишан договор со „Шоутајм’’, додека Пакијао со ХБО’.

Последен пат овие две телевизиски компании успеаја да постигнат договор за мечот меѓу Мајк Тајсон и Ленокс Луис во 2002 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ