Пет малолетници осомничени за сквернавење на еврејските гробишта во Алзас

Од:

На петмина францукси малолентници денеска им е изречена мерка притвор под сомнеж дека се одговорни за сквернавење на еврејските гробишта во местото Сар-Унион во Долна Рајна на истокот од Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Во ова мало градче во Алзас беа оштетени 250 надгробни споменици, кои во најголем дела биле превртени или искоранти, а биле отворени и гробници без притоа да бидат оштетени посмртните останки.

Според овинителот од Саверн, Филип Вание, уапсените се на возраст од 15 до 17 години. Сите се по потекло од регионот и тие досега не им биле познати на судските и полициските органи како сторители на вандалски дела. Осомничените самите се пријавиле изутринава во жандармеријата, тврдејќи дека нивниот акт не бил антсемитски.

Настанот се случил во четвртокот попладнето, но тој беше обелодент дури доцна вчера попладнето, по што реагираа највисокиите француски раководители, осудувајќи го како „варварски и антисемитски акт“.

Поради стореното дело петмината малолетници може да заработата казна затвор во траење од по седум години.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата