Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Од:

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант реагираат на вчерашното соопштение на МВР за бегство на обвинет од затворот во Струмица.

-Вчера Министерството за внатрешни работи на РМ соопшти дека:

…„Во координираната акција фатен е македонскиот државјанин Ѓ.И.(41) од Кочани, којшто побегнал од затворот во Струмица (инаку осуден во акцијата “Детонатор”) и притоа се сокривал во викендица во месноста Абланица, беровско„…

Оваа вест ја соопштија поголем дел од македонските медиуми, па оттаму чувствуваме потреба да ја демантираме бидејки такво лице, со такви иницијали, во затвор во Струмица, а осуден во монтираниот судско – полициски политички лажиран процес ДЕТОНАТОР не постои.

Впрочем, целата јавност виде како се обвинуваат, осудуваат и местат судски процеси, па понатаму е лицемерно да зборуваме воопшто.

Но сепак ни се наметнуваат прашањата кои сакаме да ги упатиме директно на министерката за внатрени работи, Г-ѓата Гордана Јанкуловска:

– Зошто министерката за внатрени работи со нејзината организирана свита еднаш „по грешка„ не објавија соопштение до јавноста за оштетениот во лажниот процес ДЕТОНАТОР, лицето Дацо Белски, еве на пример како јавно се заканува на Јавен Обвинител, или пак како околу 9 кривични пријави против него завршуваат „по грешка„ со условни, ослободителни пресуди, или пак затскриени длабоко во некоја фиока?

– Зошто министерката за внатрешни работи со нејзината организирана свита само грешат кога се во прашање слободата, честа и угледот на осудените и нивните семејства во лажираниот случај ДЕТОНАТОР? Зошто по грешка Основниот суд го преотвораше два пати процесот? Зошто по грешка Апелациониот суд го врати на повторно одлучување процесот, за да по неколку саати ја смени одлуката?

– Зошто еднаш не ни се извини за сторените грешки?

– Зошто само кога ние сме во прашање греши?

Во очекување одговори, а кои согласно нејзината функција е должна ако не нам, да и ги даде на јавноста, со нетрпение чекаме да заврши оваа наша голгота.

Скопје, 16,02,2015 година

Семејствата на невино осудените во ДЕТОНАТОР

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска

„Детонатор“ пак тресе во Кочани

Емир Латифовиќ