Нови судири на исламистите со армијата на југот на Филипините

Од:

Поради обновените вооружени судири меѓу исламистичките бунтовници и армијата, на југот на Филипините, во провинцијата Котабато денеска се евакуирани над 8.000 лица. Во овие судири пред две недели загинаа 47 филипински припадници на специјалната полиција, кога командосите упаднаа во заседи што ги поставија милитантите од МОРО исламистичкиот фронт.

Радикалните исламистички групи ги зајакнаа акциите против армијата и полицијата како резултат на гласините според кои во делови од филипинската армија има расположение со државен удар да се смени претседателот Бенињо Акино. Гласините за можен воен удар на социјалните мрежи ги раширија неколку членови на филипинскиот Сенат, од опозицијата, кои го обвинија претседателот дека е директен виновник за смртта на 47 полициски командоси.

Портпаролот на филипинската армија, полковникот Харолд Кабуное денеска го повтори ставот на министерството за одбрана од петокот во кој се истакнува дека армијата стои зад уставниот поредок. Секој поединечен обид на припадниците на армијата да се вклучи во групите што заговараат сменување на претседателот Акино, според Кабуное ќе значи само нивно отпуштање од армијата.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски