Демонстрации во Кипар за поддршка на Грција

Од:

Мноштво Кипрани синоќа излегоа на улиците во главниот град Никозија за да ја изразат својата поддршка за Грција пред денешната редовна средба на Еврогрупата во Брисел, на која министрите за финансии од еврозоната ќе ја разгледуваат грчката спасувачка програма во обид да се најде компромисно решение со новата Влада во Атина, пренесе агенцијата АНА-МПА.

Демонстрантите виореја грчки знамиња и носеа транспаренти на кои беа напишани паролите: „сакаме достоинство и надеж“, „надвор за ограбувачите на Грција и Кипар“.

Протестот беше организиран од мрежата за солидарност на Грците во Кипар.

Демонстрации по истиот повод вчера се оддржаа во Атина, Солун, Патра, Волос, на островот Крит и на други острови.

Многумина од демонстрантите се поддржувачи на новата Влада, предводена од левичарскиот премиер Алексис Ципрас.

Министрите за финанси на еврозоната денеска се собираат во Брисел за да го разгледаат прашањето за огромниот грчки долг.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција