Оштетени стотици гробови на еврејски гробишта во градот Сар-Инион во источна Франција

Од:

На еврејските гробишта во Сар-Инион, град на истокот од Франција, оштетени се неколку стотици гробови, сооошти денеска францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев, за кого настанот е „подол чин“.

Министерот Казенев кажа дека Франција нема да го толерира овој акт спротивен на сите заеднички вредности на Французите, пренесуваат француските медиуми.

Казенев истакна дека ќе се направат сите напори виновниците да се идентификуваат и да се изведат пред лицето на правдата.

И францускиот премиер Мануел Валс на Твитер го осуди сквернавењето на гробиштата во Сар-Инион, нарекувајќи го „антисемитски и низок акт“.

Ова не е првпат да се сквернават еврејските гробишта во Сар-Инион. Претходно тоа се случувало во 1988 и 2001 година.

До најновиот инцидент дојде еден месец откако вооружен исламистички терорист пред еден париски супермаркет уби четворица Евреи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата