Тинејџерка бомбаш-самоубиец активираше денеска експлозив на преполна автобуска станица на североистокот на Нигерија, при што загинаа најмалку 16 лица, а уште 13 се повредени.
Според очевидци, повеќето жртви се деца кои на станицата продавале кикирики или проселе.
Тинејџерката бомбаш успеала да помине низ безбедносната проверка на влезот во станицата во Даматура, главниот град на нигериската сојузна држава Јобе.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но тој има одлики на насилство на исламистичката милитантна група Боко Харам, која минатата година предизвика смрт на 10.000 лица.