Германската тенисерка со српско потекло Андреа Петковиќ го освои шампионскиот трофеј на турнирот во Антверпен.
Нејзината противничка Карла Суарез Наваро (Шпанија) го предаде финалето, па така третата носителка без борба стигна до трофејот.
За Петковиќ (12. на ВТА листата) ова е прва турнирска победа во 2015 година и вкупно шеста во нејзината кариера.
Наградниот фонд на турнирот во белгискиот град изнесуваше 666 илјади долари.