Апелација за два дена треба да одлучи дали Кежаровски останува на слобода

Од:

Апелациониот суд во Скопје најдоцна до вторник треба да се изјасни дали новинарот Томислав Кежаровски ќе остане на условна слобода или ќе мора да се врати во затвор и да ги одлежи преостанати три месеци од затворската казна, пишува „Фокус“.

Апелциониот суд му на намали заканата на Кежаровски од четири и пол години на две, откако му се пресмета притворот. По намалувањето на казната, на Кежаровски му остана да одлежи уште три месеци.

Кежаровски, поднесе барање за условен отпуст бидејќи 90 отсто од казната му е одлежена. Првостепениот суд го прифати неговото барање, но Јавното обвинителство поднесе жалба до повисокиот суд, со што одлуката на првостепениот не може да стане правосилна се додека повисокиот суд не се произнесе.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ

Кежаровски повикан во полиција заради учество во „Шарената револуција“

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Ана Ололовска