Кој сака да гради згради под Плаошник во Охрид?

Од:

Општина Охрид има намера да продава државно земјиште под Плаошник на приватни лица за изградба на приватни станбени објекти на три ката. Секако со поглед на езеро. Оваа најнова “брилијантна“ идеја од општината доаѓа по иницијатива на Министерството за транспорт и врски-да се отуѓи државното земјиште по пат екектронска аукција со почетна цена од смешни 1543 денари за метар квадратен.

Screenshot_2

Пријавите за учество се до 20 февруари , а јавното наддавање е предвидено за 2 март, оваа година.

Нема никакво образложение од каде се појави потребата за продавање на ова земјиште на аукција и кој вети дека на овој појас треба да има станбени објекти?

1

Она што општина Охрид и Министерството за транспорт и врски веројатно го забораваат е дека ова државо земјиште не значи дека е нивно лично, туку на сите граѓани на Република Македонија. Од тука за вакви продажби, прво треба да ги консултираат жителите на Охрид, односно да слушнат дали се согласуваат со ваквиот пазар и нов изглед на градот?

2

Ниту еден збор ВМРО-ДПМНЕ не кажа во кампањата дека има намера да го продава ова земјиште на приватни лица да градат станбени објекти на три ката. Наместо ветените проекти, од патишта, автобуски станици, затворен пазар, затворен базен од кои сеуште охриѓани немаат видено нешто, на брзина се туркаат сомнителни проекти од кои поединции треба да се стекнат со скап имот за багателна цена и сето тоа под превезот на “електронска аукција“.

Прво беше одземањето на имотот за смешна сума на жителите на Љубаништа и на МПЦ, поради наводен странски инвеститор, кој всушност и не постои, и се појасно е зошто е одземен овој имот во име на државата. Сега пак државата (про)дава земјиште за почетна сума колку два повратни автобуски билети од Скопје до Охрид.

3

На истата аукција според огласот, а од што се станува јасно, освен физички лица државјани на Република Македонија, може да учествуваат и странски правни лица резиденти на држави членки на ЕУ и на ОЕЦД, како и странски правни лице кои резиденти на држави кои не се членки на Европската Унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

4

П.П.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност