Најмалку 26 лица загинаа во Јемен во судири меѓу вооружените шиитски групи хути и сунитски племиња, со кои заедно се борат припадници на Ал каеда.
Во тешки борби во јужната планинска провинција Бајда загинаа 16 бунтовници хути и десет лица од сунитски племиња и вооружени борци.
Во исто време Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) ја затворија денеска амбасадата во Сана, откако Саудиска Арабија и неколку западни земји времено ги запреа дипломатските мисии во земјата.
Се очекува денеска Советот за соработка на арапските држави од Заливот (Саудиска Арабија, Кувајт, Оман, Бахреин, Катар и ОАЕ), да одржат заседание за разгледување на ситуацијата во Јемен, јави ТАСС.