Германија, Италија, Саудиска Арабија и Холандија времено ги затвораат амбасадите во Јемен по примерот на други држави, поради влошената безбедносна состојба во земјата.
– Изминатите три недели хусите ја заземаа власта, тоа е опасно за нас и може да има последици врз регионот. Ситуацијата е многу загрижувчка за нас во Европа, изјави портпаролката на германското надворешно министерство.
Ал Каеда и други сунитски екстремисти ги зајакнаа нападите врз борците, а генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун вчера изјави дека Јемен се распаѓа пред очите на меѓународната заедница и оди кон граѓанска војна.
Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија веќе го евакуираше дипломатскиот персонал од Јемен.
Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс смета дека ситуацијата во Јемен е непредвидлива, а тензичната политичка состојба и растечката опасност од насилства се причина за преземање на таков чекор, јави ТАСС.
Амбасадата на Русија презема дополнителни мерки за зголемување на безбедноста, но засега не планира да прекине со работа или евакуација на дипломатскиот персонал. Руското МНР, сепак ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Јемен.