Шест лица со чеченско потекло обвинети во Париз за тероризам

Од:

Шест лица со чеченско потекло беа обвинети во Париз за криминално здружување во врска со терористички потфати и за финансирање на тероризмот, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Тие беа упасени минатата недела во Алби и во предградието на Тулуз, по подигањето на нивното обвинение им е изречена привремена мерка затвор. Затворените се на возраст од 32 до 38 години и за нив постојат сомневања дека учествувале во канал за пренесување на кандидати кон џихадистичките групи во Сирија и за собирање на фондови за финансиска и логистичка поддршка. За некои од нив постојат сомневања дека веќе биле на лице место во Сирија.

Еден од обвинетите е со француско и руско државјанство, еден друг добил француското државјанство во 2009 година, додека другите четворица се политички бегалци во Франција. Еден од нив е шеф на мрежата. За нив обвинителството води истрага од јануари 2014, пред да им ја довери на истражните судии во август 2014.

Француските антитерористички служби со голема загриженост го следат движењето на џихадистите кон Сирија и посебно нивното враќање во Франција. Во Париз се отворени над 100 истраги во врска со изпраќање на џихадисти во Сирија. На 19 јануари 125 лица беа обвинети во овие предмети, нивниот број според француските медиуми е сигурно поголем денес.

Според проценките 80-тина француски државјани или лица кои живееле во Франција биле убиени во Ирак или Сирија, додека 1400 лица се идентификувани дека се поврзани со џихадистичките мрежи, феномен кој не се однесува само на Франција, туку и на други европски земји.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата