Селмани: Провладините медиуми уценувачки се нафрлаат врз Мухамед Зеќири

Од:

Македонски портали коишто се блиски до актуелната влада го прогласија Мухамед Зеќири за непријател на партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ. Тие веднаш по емитувањето на емисијата „Патот кон…“, во која гостин беше лидерот на опозицијата, Зоран Заев, главниот уредник на Алсат го нарекоа „промотор на ширењето омраза против политиките на ВМРО“.

„Јавноста не ги доби потребните одговори бидејќи новинарот Зеќири не ги постави прашањата“, пишуваат спомнатите портали коишто од насловот и содржината на прв поглед е јасно дека се производ на еден центар, му сугерираа на главниот уредник Зекири неколку прашања по сопствена волја коишто требало да му ги постави на Заев. Имаше и најразлични форми на индиректни обиди за закана до Зекири, како што е и самото прашање што порталите го поставуваат, а кое гласи: „Може ли некој да објави материјали за Зекири?“

Против ваквата хајка се огласи и Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

– Фактот дека овој текст против главниот уредник на Алсат е објавен синхронизирано во неколку медиуми кои ја поддржуваат политиката на оваа влада и јазикот кој се користи во овој текст ме тера да се посомневам дека целта на овој текст е добронамерна или пак оти е критика за јавноста подобро да се информира, туку има за цел да го дискредитира главниот уредник на Алсат и да ѝ служи на политичката пропаганда на владејачката партија. Во овој скандалозен текст објавен во овие медиуми, јас гледам јазик на уцена против Мухамед и против нас како здружение на новинари. Тој е неприфатливо и најостро го осудуваме – вели Селмани.

Споредбите коишто ги прават овие портали меѓу главниот уредник на Алсат и новинарите од режимот на Милошевиќ, претседателот на ЗНМ ги нарекува смешни и неосновани.

– На овие медиуми и најцрната пропаганда на Милошевиќ би им завидувала на начинот на којшто го злоупотребуваат новинарството во корист на политиката на Груевски. На овие луѓе кои работат на овие веб-портали кои јас не можам да ги наречам ниту новинари бидејќи не се осмелуваат да ги потпишат своите текстови, им сугерирам наместо да му држат предавања по новинарство на Мухамед Зекири, подобро би било да му сугерираат и да го убедат премиерот да собере храброст да ја прифати поканата на уредникот Зекири и дојде во Алсат и да се соочи со новинарските прашања – додава Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје