Нов Зеланд: 200 китови се насукаа на брегот

Од:

Околу 200 кита се насукале на брегот на Јужен Остров на Нов Зеланд. Стотина спасувачи тргнале кон оддалеченото место за да ги вратат животните во вода.

Дваесетина од вкупно 198 килтови веќе угинале без разлика на напорите на спасувачите да им помогнат, соопшти претставникот на одделот за зачувување на природата, Ендрју Ламасон.

Околу 80 работници и доброволци залудно се обидувале да ги вратат во вода додека доаѓаа осеката. Имајќи го предвид големиот број животни, работниците се подготвиле за повеќедневна работа.

– Често ни се случува китовите да отпливаат во морето, повторно да се свртат и да се вратат. Се подготвуваме за неколку напорни дена – вели тој.

Китовите можат да порастат и до шест метри должина, а се насукуваат на Нов Зеланд во текот на летото.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите