Нигериската група Боко Харам нападна и рибарско село во соседен Чад

Од:

Припадници на нигериската екстремистичка група Боко Харам нападнале едно село во Чад и убиле неколку лица, меѓу кои и селскиот старешина, соопштија локални жители и извори од безбедносните сили.

Ова е прв напад со смртоносен епилог на оваа нигериска екстремистичка група во Чад, пренесуваат британските медиуми.

Десетина ваоружени екстемисти рано утринава со моторни чамци стигнале до рибарско село на езерото Чад, запалиле неколку куќи и ја нападнале локалната полициска станица.

-Убија десетина лица пред војската да го одбие нивниот напад, рече еден локален жител од селото Нгубуа, на 20 километри од границата со Нигерија.

Според наводите на други селани, во нападот се убиени меѓу три и пет лица, меѓу кои и поглаварот на селото Маји Коле, кој бил погоден во текот на размената на оган меѓу екстремистите и војниците.

Војската на Чад не сакаше да го коментара нападот.

Сунитската група, со база на северот од Нигерија, изминатата недела ги засили прекуграничните напади во Чад, Камерун и Нигер со цел да воспостави исламски емират.

Војската на Чад, една од најобучените и најдобро вооружените во регионот, се вклучи во регионалната офанзива против Боко Харам, во која, како што соопшти, убила повеќе стотици екстремисти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он