Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето во двојки на фјучрс турнирот во Анталија. Таа заедно со Романката Диана Бузеан (втори носителки) без проблеми ги совладаа Јапонките Нацуми Чимура и Чихиро Нуноме со 6:0 и 6:2 во сетови.
Нивни противнички во полуфиналето (утре) ќе им бидат четвртите носителки Корнелија Листер (Шведска) и Алона Сотникова (Украина), кои беа подобри од Јошими Кавасаки (Јапонија) и Ди Зао (Кина) со истиот резултат по сетови 6:0 и 6:2.