Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела настапува на фјучрс турнир во Анталија (награден фонд 10.000 долари). Таа денеска ќе има настап во игра на двојки каде во четвртфиналето со Романката Диана Бузеан како втори носителки ќе играат против Јапонките Нацуми Чимура и Чихиро Нуноме.
Ѓорческа и Бузеан вчера во мечот од 1.коло во двојки ги победија сестрите од Украина Марина и Надија Колб со 6:1 и 6:2.
Во поединечна конкуренција нашата тенисерка немаше успешен старт бидејќи во меч од првото коло загуби од Марлис Шупер од Австрија со 2:1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:4). Ѓорческа во сингл беше рангирана како петта носителка.