Полицијата од местото Радовљица во северозападна Словенија добила телефонски повик во ноќните часови да помогне на маж чија нога се заглавила на влезната врата од куќа, но необичнаѕа незгода на крајот се завршила со кривична пријава поради провала.
– Повикот за помош веднаш го проверивме и пред објектот најдовме маж кому вратата му ја блокираше ногата. Утврдивме дека се работи за провала, осомничениот го приведовме и го известивме обвинителството, соопшти денеска Полициската управа Крањ.
Полицијата утврди дека несреќниот провалник најнапред ја прескокнал жичаната ограда, а потоа се обидел да влезе во празната куќа така што ногата ја подметнал во насилно подотворената влезна врата.