Попладнево, два дена по смртта на Тамара Димовска, Фондот испрати одобрување за лекување во странство.
Одлуката е донесена на 6 февруари, три дена пред да почине девојчето.
Од ковертот јасно се чита дека на 11 февруари е испратен на домашната адреса на Димовски. На него се потпишани двајцата директори Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази. До сега во неколку наврати преставници на Фондот убедуваа дека одлуката е веќе донесена но не по писмен пат, објави Телма.
Ова дополнително го потресло семејството кое се уште не може да се опорави од загубата.