Министерот за финансии Зоран Ставрески кој вечерва гостуваше во вестите на „Сител“ телевизија, не беше прашан и ниту кажа нешто за снимениот телефонски разговор меѓу него и министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска.
Ставрески одговараше само на прашања од областа на економијата.
Ставрески гостуваше во бизнис вестите, после вестите за спорт и зборуваше за законот за хонорарци, за најавената финансиска зона, за трите илијади хонорарци и волонтери кои ќе добијат трајно вработување во администрацијата.