НАТО денеска изрази огорченост поради нападот врз војниците на КФОР во северниот дел на Косово и предупреди дека нема да толерира насилство.
„Длабоко сме огорчени поради насилните чинови насочени против нашите војници. Нашите трупи дејствуваа во целосна согласност со мандатот на Обединетите нации“, рече Кармен Ромеро, заменик-портпарол на НАТО.
Таа додаде дека КФОР нема да толерира насилство врз своите војници, кои „имаат право на самоодбрана“ апелирајќи инволвираните страни да се воздржат од какви било провокативни акции.