ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Совет за судиите е според европските прописи

Од:

Со обвинување дека СДСМ целосно ја манипулира јавноста, ВМРО-ДПМНЕ одговори на денешната критика од СДСМ за вчера донесениот законт за Советот за утврдување факти и покренување постапка за одговорност на судии. СДСМ порача дека власта воведува неуставен орган за одговорност на судиите.

„Формирањето на новиот орган – Советот за утврдување факти и покренување постапка за одговорност на судии е во насока на усогласување со меѓународните стандарди и праксата на Европскиот суд за човекови права. Имено овие стандарди налагаат покренувањето на постапката за утврдување на одговорност за судија, водењето на истрагата и донесувањето одлука за изрекување дисциплинска мерка да бидат разделени. Концептот креиран со Законот за Судскиот совет на Република Македонија од 2006 година не е во рамките на најновите стандарди во делот на судската независност и непристрасност. И тоа е нотирано во извештаите на релевантни меѓународни институции. Имено, во моментов Судскиот совет на Република Македонија, во исто време е надлежен и да ја покренува постапката за одговрност за судии и да води истрага и на крајот да донесува одлука за изрекување дисциплинска мерка или одлука за разрешување на судија. Овој концепт содржан во Законот за Судскиот совет на Република Македонија не ги задоволува барањата за непристрасно одлучување што е нотирано и во извештаите на меѓународните организации. Тоа се и причините за донесување на овој закон“, одговара ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ