Полицијата во Бангкок денеска уапси две активистки на азиско-пацифичката асоцијација за заштита на животните „ПЕТА“.
Тие, во бикини костими за плажа пред Центарот за култура и уметност на главниот град на Тајланд, на ироничен начин ги убедуваа минувачите да не јадат месо, а од купот банани да си земат и да ги употребат во своите спални соби.
Првиот полициски коментар бил дека убавите девојки се приведени поради провокација и непристојност и на гардеробата и на пораките.
ПЕТА од 1.980 година во Тајланд се бори за откажување на луѓето да јадат месо.