Прашања поврзани со извештајните обврски на Република Македонија по меѓународните инструменти за човекови права и актуелните обврски во областа на човековите права во контекст на интеграцијата со ЕУ биле разгледани на денешниот шести состанок на Меѓуресорското тело за човекови права.
На состанокот во Министерството за надворешни работи, со кој претседаваше министерот за надворешни работи Никола Попоски, а во чиј состав се државните секретари на ресорните министерства, директори на релевантни агенции и претседатели на независни тела за човекови права, меѓу другото, биле разменети информации за активностите за обезбедување акредитација со статус А на Народниот правобранител.
Како што соопшти МНР, со цел поактивно следење на прашањата и обврските на Република Македонија во областа на човековите права, беше одлучено да се формира експертска работна група, составена од претставници на институциите што го сочинуваат Телото.