Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека останува многу работа за решавање на украинската криза, но договорот во Минск е реална шанса за подобрување на ситуацијата.
– Сите прашања се засегнати во тој текст, потпишан од Контакт групата и сепаратистите, наведува Оланд во заеднича изјава со германскиот канцелар Ангела Меркел.