Во Жупанискиот суд во Загреб утрово имало дојава дека во зградата е поставена бомба, поради врботените и посетителите го напуштиле објектот. Полицијата врши контрола во зградата, јави Хрватската радиотелевизија.
Дојавата за поставена бомба била во девет часот и 20 минути, а само неколку минути пред тоа е одложен почетокот на судењето на претседателот на управата на унгарската нафтена компанија МОЛ, Жолт Хернади.
Тој е обвинет дека го подмитил поранешниот премиер Иво Санадер за да му ги отстапи управувачките права во хрватската компанија ИНА.