Бонева: Заканувајте се, ама не се плашам, со сопругот одиме со песна кон дома

Од:

Од заканите за ликвидација на кои се жалеше Амди Бајрам, ништо не испадна. Не ни беше спомнат на продолжението на седницата, на која пак за закани се пожали координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Таа кажа дека освен кон Амди Бајрам имало закани и кон неа, ама не се плашела. Повеќе во видеото.

Претседателот на Собранието, Тарјко Вељановски рече дека сите дофрлувања и закани помеѓу пратениците, надвор од седниците не треба да се сфаќаат сериозно.

Опозицијата смета дека ништо од забелешките на ОБСЕ и ОДИХР не е внесено во измените и дополнувањата на изборниот законик и дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ не гарантираат фер и демократски избори. Обвинувањата за закани според нв се смислени за да ја дефокусираат целата расправа за изборниот закони.

Горан Мисоски од НСДП посочи дека пред се трева да се забрани да учествува на избори на ВМРО-ДПМНЕ зашто сеуште имаат дупка од 3,5 милиони евра за кои нема отчет веќе една и пол година.

Мисоски го цитираше и транскриптот од раговорот на Љубе Бошкоски со тајниот сведок кога му кажувал за фалсификуваните ливчиња заокружени и кај ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи