Британското МВР истражува како патник успеал да се качи на авион од Шпанија за Велика Британија без пасош.
Човекот бил сослушан од службеници, кои се одговорни за гранична контрола на аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул, откако тој пристигнал таму со лет од Канарските острови.
Министерството наведува дека патникот добил дозвола да влезе во Велика Британија, откако проверката утврдила дека британски државјанин и претходно имал валиден пасош.
Според весникот „Дејли мејл“, патникот користел фотокопија од карта за автобус за да се качи на авион на компанијата „Рајанер“, бидејќи наводно пасошот му бил украден.