Силна песочна бура ги зафати Либан, Израел и Египет

Од:

Израел и Либан денеска се зафатени од силна песочна бура која го предизвика најсериозното загадување на воздухот во последните неколку години. Природната непогода предизвика силен воздушен бран долж крајбрежниот булевар во Бејрут, соопштија американските медиуми.

Песочната бура, што носеше честички прашина од пустината Сахара во северна Африка, веќе втор ден беснее и во Каиро, каде силните ветрови и разнесениот песок ги избркаа пешаците од улиците.

Меѓународниот аеродром во египетската престолнина вчера одредено време не прифаќаше авиони.

Израелското Министерство за животна средина информира дека загадувањето на воздухот во земјата е на своето највисоко ниво во последните пет години. Привремено се презакажани летовите од црноморското летувалиште Ејлат. Авионите и натаму слетуваат и полетуваат од главниот аеродром во земјата „Бен Гурион“.

Во Бејрут бурата донесе силни ветрови со брзина до 100 километри на час и дожд и снег во планинските региони.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас