Со ЈСП и Водовод ќе раководат експерти за воздухопловство и шински возила

Од:

За нов директор на јавното претпријатие „Јавно сообраќајно претпријатие” – Скопје е избран Игор Јанушев.

Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено образование на правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”. Истиот повеќе години е вработен во министерството за транспорт и врски, каде досега бил раководител на Сектор за воздухопловство.

За нов директор пак на јавното претпријатие „Водовод и канализација” избран е Александар Атанасов.

Александар Атанасов е роден 1985 година и има завршено образование на Њу Јорк колеџот во Солун, Република Грција на смер „Бизнис администрација и менаџмент”. Истиот има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја извршува функцијата Генерален директор на за шински возила Велес.

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Поради итен дефект, утре делови од Скопје ќе се без вода

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството