Софијанова: Подготвена сум да понесам морална одговорност и да се повлечам од комисијата

Од:

Искрено жалам и согласна сум да ја прифатам вината доколку тоа му помогне некому мирно да спие. Подготвена сум да понесам морална одговорност како член на второстепената комисија за упатување на лекување во странство и да се повлечам од таа функција. Ја увидов грешката направена на комисијата и направив се што е во моја моќ да ја исправам во најкус можен рок.

Ова денеска го истакна директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова на средба со новинарите на која подетално ги разјасни фактите и деталите кои и се познати по повод последните написи во медиумите во врска со случајот на Тамара Димовска, која почина завчера.

По донесената негативна одлука од првостепената комисија при Фондот за здравствено осигурување на Македонија, посочи Софијанова, одлучуваше второстепената комисија чиј член е и таа. Укажа дека мислењето кое го имале добиено од ФЗОМ било во насока на тоа дека ќе се отвори Спинален центар каде Тамара би била оперирана.

Не сум експерт од областа на ортопедија и девојчето никогаш не беше пациент на Детската клиника, истакна Софијанова и додаде дека решението го потпишала како претседавач, а не како претседател на Комисијата, која во нејзино отсуство едногласно одлучила според насокоите дадени од ФЗОМ, а според кои ќе се чека отворањето на Спиналниот центар.

Нагласи дека со ставањето потпис на веќе донесеното решение сметала дека е во насока на зарзување на целата постапка, бидејќи без правосилно решение не може да се преземат останатите правни мерки. Потенцира дека нејзиното потпишување или непотпишување на решението кое е објавено во медиумите немало на никој начин да ја смени одлуката која се носи со мнозинство гласови од членовите на комисијата и која е само потврда на мислењето на првостепената комисија која е составена од специјалисти од областа на ортопедијата кои најдобро можат да ја проценат состојбата на детето.

Откако на барање на мајката се запознала со случајот, сфатила дека се работи за тежок случај на конгенитална болест кој мора да се третира што поскоро, токму затоа направила се во нејзина моќ случајот повторно да биде разгледан, а по повторното разгледување првостепената комисија во која членуваат лекарите кои го третирале девојчето донела позитивна одлука, но за жал предоцна.

Можете да ме обвинувате за многу работи, но не и за негрижа кон децата, истакна Софијанова и појасни дека во 2014 година од Детската клиника се испратени стотина деца на лекување во странство.

Укажа дека секому кому му требало третман кој не можеле да му го пружат бил упатен во странство, а голем дел од нив таа ги носела во странство, од мали бебиња до големи деца. Во овој момент, нагласи, сите деца за чие лекување се собираат донации имаат добиено конзилијарно мислење од Клиниката за детски болести за лекување во странство, а постапката продолжува во другите институции.

Нека овие тешки денови за семејството ни бидат лекција на сите нас. Што не научи Тамара нас – дека човечкиот живот е поважен од административните пречки, комуникацијата мегу институциите, соработката мегу сите засегнати органи. Ве уверувам дека како човек секогаш сум се залагала и се залагам за здравјето на децата. Тоа е моја примарна цел и моја животна битка и како лекар и како директор на клиниката а пред се како мајка, посочи Софијанова.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ