Во Кочанско поплавени 1.400 хектари земјоделско земјиште

Од:

Во Кочанскиот регион поплавени се 1.400 хектари земјоделски површини, од кои 100 хектари се под есенски житни култури, соопшти Подрачната единица на Министерството за земјоделсство, шумарство и водостопанство.

– Најголеми поплави има во општина Чешиново – Облешево, каде се зафатени 1.023 хектари земјоделско земјиште, од кои 83 хектари се насеани со есенски жита. Во Кочанско се поплавени 244 хектари земјоделско земјиште од кои само 10 се под есенски жита. Во општина Зрновци под вода се 108 хектари земјоделско земјиште, а само 4 хектари се под есенски жита, изјави Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделество, шумарство и водостопанство во Кочани.

Според Димитров, најмногу оштетувања има кај есенските жита бидејќи поголеми површини од нив веќе десетти ден се под вода. Конечната проценка за штетите, додаде тој, ќе се знае деновиве по направениот увид од страна на општинските комисии и пријавата од земјоделците.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили