ЈуТјуб воведува нова функција CYV (Choose Your View) која овозможува промена на аглите на гледање на одредена видео содржина.
Станува збор за постапка која овозможува гледање на видео содржини и промена на аголот на гледање во било кој момент, што е помалку слично како на некои ДВД/Блу-реј или видео игрите.
Видео содржините исто така можат да се гледаат од четири различни агли со едноставно кликнување на компјутерското глувче на различни опции од камерата кои се појавуваат на десната страна од видео содржината, или пак со притиснување на одредени копчиња на тастатурата.
Корисникот на овој начин сам си одредува од кој план ќе ја гледа одредената содржина и ќе биде во улога на режисер, бидејќи директно ќе го одредува распоредот на сцените според сопствената желба.