Се смирува состојбата со поплавите во Новаци и Могила

Од:

Се смирува ситуацијата со поплавите во Пелагонија, констатира општинскиот кризен штаб на денешниот состанок. Според проценките од терен, околу 17.000 хектари се под вода од кои 9.500 хектари во Могила, 4.500 хектари во Битола и 3.000 хектари во Новаци.

Во координација со Државниот кризен штаб е одлучено, општините кои досега не составиле комисии за проценка на штетите, тоа веднаш да го сторат.

Меѓу активностите што итно треба да се реализираат се и лоцирање на местата каде треба да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и изготвување заеднички документ од Пелагонискиот регион до Министерството за животна средина за санација и чистење на речните корита.

Во наредниот период Кризениот штаб ќе се свикува по потреба.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили