Основното јавно обвинителство – Скопје „по допрен глас“ оформи предмет за случајот со починатото девојче Тамара од Велес, за кој вчера известија медиумите.
Како што соопштија денеска од Основното јавно обвинителство – Скопје назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе започне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта.
Денеска и министерот за здравство Никола Тодоров рече дека е потребно да се испита целокупната постапка за лекување во странство за Тамара Д. која почина вчера чекајќи да и биде одобрено лекување во странство.