Вода за пиење и пакети за настраданите од поплавите, од утре насипи на Црна Река

Од:

Состојбата со водостојот на реките е стабилна и главно сега им се дава секаков вид помош на настраданите од поплавите, се најновите информации од кризниот штаб во Прилеп.

Градоначалникот Марјан Ристески потенцира дека од утре ќе се прави распоред за подигнување насипи.

– Ќе се прават насипи онаму каде е пробиено коритото на Црна Река, а секако и на Градска. Утре ќе се прецизира агендата и активностите, со помош на армијата и на јавните претпријатија треба да завршат до петок. Од вештачката акумулација се уште се испуштаат по 2.500 литри вода во секунда, вели Ристески.

Според Гоце Ингилизов директор на Центарот за јавно здравје, епидемиолошката состојба во кризните подрачја е мирна, се испитува водата за пиење и се доставува во шишиња во кризните села.

– Најновите анализи на водата од извориштата покажуваат дека повеќе не е бактериолошки загадена во четирите села Канатларци, Чепигово, Тројкрсти и во Кадино Село, а се уште е неисправна во селото Ерековци. Во секој случај, водата мора 10 минути да се преврива, а перманентно населението добива вода за пиење во шишиња и технолошка од цистерни. Се врши едукација на учениците и населението за да не се појави епидемија од заразни заболувања,појасни Ингилизов.

Црвениот крст од Прилеп и денеска продолжува со распределбата на пакети со неопходни средства за настраданите семејства. Вчера беа поделени на 20 семејства во Долненско, од денеска се распределува во Прилепско.

– Од денеска се распределуваат пакети со храна, вода, хигиенски средства, по три ќебиња по сејмество, дезинфекциони средства за 31 семејство во Прилеп и во населените места, информира Катерина Кочоска од Црвениот крст од Прилеп.

Општинската комисија за елементарни непогоди е на теренот за процена на штетите, а од денеска на терен се и двата тима од Центарот за социјални работи.

– Двата тима се на терен во градот, Прилепско, Кривогаштани, Врбјани, и Боротоино за да се направат записници на штети во домовите за да може да се исплати еднократна парична помош каде што е најнеопходна, вели Снежана Јованоска, директор на Центарот за социјални работи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прва жртва од невремето кое ја зафати Италија

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже