Македонската поетеса Лидија Димковска ќе учествува на меѓународниот „Корк пролетен поетски фестивал“ во Корк, Ирска, кој од утре до 14 февруари ќе го организира Книжевниот центар Манстер.
Димковска на целовечерно читање во Уметничкиот театар во Корк на 13 февруари ќе се претстави со избор од своето поетско творештво на македонски и на англиски јазик, заедно со словенечката поетеса Барбара Погачник.
Фестивалот постои повеќе години и опфаќа целовечерни читања, работилници, промоции, дискусии и средби со издавачи. Годинава ќе учествуваат врвни поети, пред се, од англиското јазично подрачје (Велика Британија, САД и Канада) како и ирски поети од повеќе генерации.