Асад: Не се доволни воздушни напади

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека со воздушните удари на коалициските сили не може да се поразат екстремистите на ИСИС во Сирија и дека затоа е потребно меѓународната заедница да почне да соработува со сириската војска на терен.

Во интервју за британски „ВВС“ тој ги отфрли наводите дека Дамаск се приклучил на меѓународната коалиција против ИСИС.

-Не, дефинитивно не можеме и не сакаме од една проста причина бидејќи не можеме да бидеме во сојуз со државите кои го подржуваат тероризмот -рече Асад мислејќи на поддршката која Запад им ја дава на другите бунтовнички групи на територијата на Сирија во борбата за негово отстранување од власт во Дамаск.

Истовремено тој потврди дека сириската влада прима некои општи информации за воздушните активности на меѓународната коалиција на своја територија во борба против ИСИС и негира секаква директна соработка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение