Почина славниот јапонски дизајнер Кенџи Екуан

Од:

Познатиот јапонскиот индустриски дизајнер Кенџи Екуан почина во 85-та година од животот. Во неговите дела спаѓаат познатиот „воз-куршум“ и шишенцето за соја сос со црвено капаче, кое стана исто толку препознатливо како и класичното шише кока-кола.

Екуан стекна светска слава во 1961 година кога за потребите на компанијата „Кикоман“ осмисли практично шишенце за соја сосот, популарно во многу азиски кујни.

Тој во една прилика објасни дека дизајнирал мало шишенце бидејќи како мал ја гледал мајка си како става сос од големо шише од четири литри во мала чинија.

Екуан, исто така, беше познат и по дизајнот на брзиот Комачи „воз-куршум“, што ја поврзува јапонската престолнина со северот на земјата, како и по дизајнот на аудио опрема и логоа на многу компании.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска