Во една стара фабрика за сребро и бронза во центарот на Врашава е сместен постиндустриски стан со модерен и удобен ентериер, кој се вклопува со фасадата на историската зграда.
Токму поради фасадата, при декорирањето на станот е користен индустриски дизјан на ентериерот, кој е овозможен со ѕидовите од тули, полиците за книги од црн челик и барските столици, што на целината и даваат модерен стил.
Собата за дневен престој со внимателно одбраните декоративни елементи ја отсликува убавата динамика на целиот просор, што воедно го прави и мирен, неутрален и гостопримлив.
Палетите со беж боја во дневниот престој се во спротивност со дрвото од орев и црните елементи во кујната, челичните додатоци и темно сивите плочки во бањата и темните позадини во спалната соба.
Вкупниот вппечаток за станот е дека тој зрачи со толина и овозможува леснотија во живеењето.