Собрани над девет милиони денари за настраданите во поплавите

Од:

Вкупно 9.049.887 денари парични средства се обезбедени досега за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија.

Како што соопшти Црвен крст на Република Македонија, преку мобилните телефони од T-mobile, One и VIP 070/075/077 143 400 заклучно со денешниот ден обезбедени се 8.264.700 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 785.187 денари.

Во текот на вчерашниот ден Црвен крст на Република Македонија дистрибуирашпе хумаитарна помош во Битола и тоа 465 кг со прехранбени продукти и 54 тони вода за пиење, во Штип се доставени 40 тони вода за пиење и во Куманово 15 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1000 литри вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили