Состојбата стабилна, помош за 20 семејства во Долненско

Од:

Денешната состојба во Прилепско е мирна. Студеното време и снегот ги запреа поплавите. Сообраќајот на сите патни правци се одвива непречено, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп.

– Нема застој во сообраќајот, се одвива во зимски услови, Плетвар е опесочен, вели Илко Петкоски, раководител на Центарот.

Денеска преку Црвениот крст од Прилеп се доставува помош за 20 најзагрозени семејства во неколку села во општина Долнени.

– Во тек е дистрибуцијата на помошта во најзагрозените 20 семејства. Секое семејство ќе добие по пакет хигиенски средства, пакет храна, по три ќебиња, средства за дезинфекција и вода за пиење, вели Катерина Кочоска од Црвениот крст од Прилеп.

Од Центарот за јавно здравје велат дека останува неисправна водата во петте најзагрозени села: Тројкрсти, Чепигово, Ерековци, Канатларци и Кадино Село.

– Во овие села категорична е забраната за пиење на водата, ниту е за домашна употреба, ниту за стоката. Според распоред дневно им се доставува вода за пиење во шишиња и технолошка вода од цистерни. Денеска во училиштата во тие населени места ќе почне едукација на децата за како да се заштитат од зарази и да се придржуваат на упатствата од Центарот за јавно здравје, вели Гоце Ингилизов, директор на Центарот.

Ингилизов објаснува дека јавното претпријатие „Водовод и канализација“ денеска со нова опрема ќе врши засилено хлорирање на водата од бунарите во селата Канатларци и Галичани, но дополнително ќе се утврдува дали ќе биде исправна, а забраните за пиење се уште важат.
– Земени се нови 17 примероци вода, од кои два од градскиот водовод од Прилеп и 15 од населени места и сите се исправни. Сега е исправна и водата за пиење во Мало и Големо Коњари, објаснува Ингилизов.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава