Филтер станицата во Габрово ќе биде готова во ноември оваа година

Од:

Жителите на населеното место Габрово во општина Струмица, ќе добијат чиста и квалитетна вода за пиење. Согласно, општинската програма за подобрување на водоснабдувањето во населените места, во тек е изградбата на филтер станицата за третман на водата за пиење.

Оваа станица која е со капацитет од шест литри вода во секунда, се гради по најсовремени стандарди за таков тип на објекти.

Според планираната динамика на изведување на градежните работи, до 15 ноември оваа година, филтер станицата ќе биде ставена во функција и со тоа конечно и целосно ќе се решат проблемите на жителите од ова населено место со водата за пиење. Изградбата на филтер станицата чини 2.023.322 денари.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски